Кривична пријава за градоначалникот на Берово

Од:

СВР Штип поднесе кривична пријава за градоначалникот на Берово Д.Н. (59) поради злоупотреба на службена положба, односно поради тоа што без решенија и без патни налози го користел возилото на општината за сопствени потреби.

– Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово во содејство со Одделот за економски криминал при Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Берово поднесе кривична пријава против Д.Н. (59) од Берово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување “, соопштија денеска од МВР.

Пријавениот како службено лице градоначалник на општина Берово, во периодот од 1 јули 2015 до 1 јули 2017 година во повеќе наврати ја искористил службената положба и овластување, користејќи го службеното патничко возило, сопственост на општината без да обезбеди Решение за службено патување во странство од надлежен орган од општината, како и без патни налози и без покани за службено патување во странство.

Д.Н., вкупно во 32 наврати за свои лични потреби и за потребите на други физички лица, кои ги превезувал со службеното возило, причинил штета на Општина Берово која дополнително ќе биде утврдена.

Би можело да ве интересира

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Ледено утро во Берово, снежна идила на Попова Шапка

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена