Кривична пријава за градежната фирма за непријавување данок од речиси половина милион евра

Од:

Сопственикот на градежната фирма Акчелик градба од Скопје и самата компанија заработија кривична пријава од Управата за финансиска полиција за затајување данок во вкупен износ од околу 462.000 евра.

Од мај 2018 година до декември минатата година со цел да стекне противправна имотна корист, како што соопштија од финансиската полиција, правото на располагање со станбено деловниот објект во фаза затворена карабина го пренел на нов инвеститор од Скопје без да изврши фактурирање на објектот.

-Продажната цена која изнесува 156.520.746 денари, претставува основа за пресметка на Данок на додадена вредност во износ од 7.826.037 денари и Данок на добивка во износ од 15.652.074 денари, при што пријавените спротивно на Законските прописи за извршената продажба не ги пресметале, пријавиле и не ги уплатиле Даноците кои ги долгуваат во вкупен износ од 23.478.111 денари, велат од Управата.

Пријавениот примил и аванси од купувачи на станови во вкупен износ од 104.835.423 денари кои не ги пријавиле во ДДВ – 04 Пријавите и не пресметале и не уплатиле Данок на додадена вредност по пресметана даночна стапка од 4.76 проценти за кој биле Законски обврзани при приемот на паричните средства и/или при извршената компензација во износ од 4.990.166 денари.

-Со намера да ги прикријат инкриминираните активности без да ги подмират обврските по основ на Данок на додадена вредност и Данок на добивка, пријавените не изготвиле излезна фактура во која ќе го прикажат Данокот на додадена вредност и остварените Приходи, не поднеле ДДВ-04 Пријави и Даночен Биланс и не изготвиле и не поднеле Завршни сметки за 2018 година, 2019 година и 2020 година до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар на Република Северна Македонија. Исто така, не пријавиле во ДДВ – 04 Пријавите и не пресметале и не уплатиле Данок на додадена вредност за примените Аванси од купувачи, со што не пресметале, не пријавиле и не уплатиле Данок на додадена вредност во вкупен износ од 12.816.203 денари и Данок на добивка во износ од 15.652.074 денари или вкупно 28.468.277 денари, за кој износ го оштетиле Буџетот на Република Северна Македонија, појаснуваат од финансиката полиција.

Би можело да ве интересира

Кривична за родители кои им овозможиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно

Кривична против полициски службеник осомничен за насилство

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Кривична против приватна здравствена установа од Охрид и нејзиниот директор

МВР: Гостиварка со нож ранила вработен во казино

Полицаец од Охрид истепал граѓанин, МВР му поднесе кривична пријава

Горан Наумовски