А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава за две лица за извршени над 50 кражби во гостиварско

by А1он04/12/2018 - 12:15270
Share0

Гостиварската полиција расветли над педесет тешки кражби и поднесе кривична пријава против две лица кои се осомничени дека се сторители. Крадците украдените предмети ги продавале на црни пазари во Албанија и Македонија.

Добивај вести на вибер

Од СВР – Тетово информираат дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, целосно расчистила 50 тешки и два обида за тешки кражби. До Основното јавно обвинителство Гостивар поднесена е кривична пријава против Р.К. (30) албански државјанин и И.А. (26) од Гостивар.

– Двајцата пријавени се сомничат дека пет кривични дела извршиле во 2017 година, а 47 годинава на различни локации, претежно во Гостивар, Горна Бањица, Дебреше, Чегране, Врапчиште, Градец, Чајле, Мало Турчане, Балиндол, Форино, Топлица, Равен, населбите Фазанерија, Грудајца и на други места, изјави Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Осомничените Р.К. и И.А, биле вработени во една производна работилница во Гостивар во која неодамна беше извршен претрес. Кражбите ги вршеле на тој начин што го користеле отсуството на сопствениците и провалувале во куќи на времено вработени во странство. Оттаму излегувале со плен што се состоел од златен накит, пари, облека, мобилни телефони, бижутерија, часовници и други технички поизводи.Одземените производи подоцна нелегално ги продавале на купувачи во земјава и Република Албанија.

crna hronikagostivarpolicija

Би можело да ве интересира

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Горан Наумовски08/01/2026 - 13:05

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски08/01/2026 - 10:4508/01/2026 - 10:47

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Горан Наумовски08/01/2026 - 09:48

Една година затвор за напад и прегазување на полицаец во Кавадарци

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 08:28

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

Горан Наумовски24/12/2025 - 13:06

Тошковски: Интервентната полиција често пати беше прва на терен и вистински херој во заштитата на граѓаните

Горан Наумовски19/12/2025 - 11:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен