Секторот за внатрешни работи од Велес поднесе кривична пријава против две лица поради основано сомнение дека го убиле 33-годишниот Бајрам И. од Горно Оризари кој во април годинава беше пронајден мртов со прострелна рана во пределот на главата.
Во текот на вчерашниот ден, по претходно добиена наредба од надлежниот суд, извршен е претрес во домовите на три лица во Горно Оризари и притоа од слобода лишени се повеќе лица меѓу кои и пријавените.
При тоа е констатирано дека на 24 март во вечерните часови, првоосомничениот кај бензинската пумпа на „Макпетрол“ на излезот од градот во непосредна близина на разрушена куќа, со пиштол калибар 7.65мм со еден истрел во пределот на главата го застрелал Бајрам И.
Второосомничена е сопругата на убиецот, која знаела за убиството, но му помогнала да не биде откриен.