Кривична пријава за двајца велешани за кражба на 61 лап-топ од основно училиште

Од:

СВР Велес поднесе кривична пријава против В.П. (23) и М.Ѓ.(21) и двајцата од Велес, осомничени за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Ноќта 06/07.09.2015 година, соопшти денеска МВР, пријавените со подесен алат ја отвориле влезната врата од ООУ „Кирил и Методиј“ во Велес, се качиле на горниот кат, со туркање ги отвориле вратите од две училници и одзеле 61 мини лап-топ компјутер и опрема. Предметите ги сокриле во стан во Велес и планирале да ги продадат.

На 16.09.2015 година, по претходно добиени оперативни сознанија, од сега пријавените лица одземени се сите лап-топ компјутерите кои со потврда се вратени на ООУ „Кирил и Методиј“ – Велес.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски