Кривична пријава за 36-годишник за обид за убиство на градоначалникот на Арачиново

Од:

Поднесена е кривична пријава за обид за убиство на градоначалникот на Арачаиново. МВР информираше дека е откриен сторителот кој во април годинава пукаше кон градоначалникот и вработени во Општината при што имаше двајца повредени.

– СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан од 01.04.2024 во с. Арачиново, скопско, кога беше пријавено дека кон градоначалникот на општина Арачиново Р.И. и други лица вработени во општината, додека вршеле увид во градежни работи, од страна на НН лице од автоматско оружје биле испукани повеќе проектили, при што со повреди се здобиле Е.С. (39) и А. А.(22). Веднаш по добиената пријава, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, во координација со ОЈО Скопје, преземени се бројни оперативно тактички и истражни дејствија, при што е утврден идентитетот на сторителот. По целосното комплетирање на службените материјали и извршените вештачења, на 16.07.2024 до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава против М.А. (36) за сторено кривично дело “убиство во обид”, предвидено и казниво по чл. 123 во врска со чл.19 од К3.

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он