А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава за 23-годишник за недозволена трговија со хероин

by А1он22/12/2012 - 14:23124
Share0

Единицата за недозволена трговија со дрога, оружје и акцизна стока (ЕНТДО) при СВР Скопје, до надлежното ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против С.А. (23) од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривичното дело “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурзори“.

Добивај вести на вибер

Како што соопшти МВР, при реализацијата на сучајот пронајдени се и одземени 24,2 грама наркотична дрога хероин. Имено, на 18. овој месец, околу 15 часот, на наплатна рампа “Петровец“ од страна на полициски службеници било запрено возило марка “Опел Астра“ со скопски регистерски таблички управувано од С.А. кој во возилото бил со уште двајца сопатници. Извршено е легитимирање и личен претрес над лицата, по што тројцата се приведени во СВР Скопје ЕНТДО. По претходно извадена наредба за претрес на дом и возило, извршен бил и претрес на “Опел Астрата“ при што во левиот ретровизор е пронајдена една полиетиленска паковка со 24,2 грама хероин.

Во разговорот пријавениот појаснил дека наркотичната дрога истиот ден ја зел од непознато лице од “Сингелиќ“, кому по продажбата на хероинот требало да му даде 300 евра.
С.А. досега не е евидентиран во крим-евиденцијата на СВР Скопје, стои во соопштението.

crna hronika

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Предраг Петровиќ10/01/2024 - 16:06

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Катерина Ѓуровски05/10/2023 - 11:26

Прегазено дете во Штип

Катерина Ѓуровски03/01/2021 - 13:08

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска30/12/2020 - 14:4731/12/2020 - 01:03

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски25/12/2020 - 22:13

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски25/12/2020 - 15:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен