Кривична пријава против три лица од Тетово, меѓу нив и директор на ПИОМ

Од:

МВР поднесе кривична пријава против Д.Б.(45) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против Р.Б.(72) и А.Х.(40) од Тетово, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со кривичното дело „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ по член 275-в и „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.

Пријавениот Д.Б., во својство на вршител на должноста директор на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија, на 22.2.2023 објавил повик за заинтересираност за закуп на деловен простор за потребите на Фондот во два дневни весници, на кој во својство на потенцијални закуподавци се јавиле М.С. и Ј.Б. од Тетово, како сопственици на недвижен имот. Второпријавениот Р.Б. (татко на Д.Б.), ги контактирал М.С. и Ј.Б., кои имале дадено оглас за продажба на недвижен имот во Тетово, при што се договориле да ја продадат куќата за сума од 260.000 евра, но најпрвин да потпишат документација за давање под закуп на недвижниот имот со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а потоа да склучат и преддоговор за купопродажба на имотот.

Имено, на 02.03.2023 помеѓу Фондот, застапуван од пријавениот Д.Б., од една страна и М.С. и Ј.Б., од друга страна, бил склучен договор за закуп на недвижен имот со износ на закупнина од 1.890 евра месечно за времетрање на договорот од 20 години или во вкупен износ од 453.600 евра. Истиот ден бил склучен и преддоговор за купопродажба на недвижниот имот меѓу М.С. и Ј.Б. и третопријавената А.Х. (сестра на Д.Б.). Потоа, М.С. како закуподавец, паричните средства кои што Фондот месечно ѝ ги исплаќал за закуп, ги вадела од нејзината сметка и во готовина на рака му ги давала на второпријавениот Р.Б., бидејќи согласно преддоговорот за продажба и нивниот меѓусебен договор, имотот бил продаден на неговата ќерка.

Исто така, од страна на првопријавениот Д.Б., знаејќи дека ќе има потреба од реконструкција и адаптација на горенаведениот имот, на 30.01.2023 била донесена одлука за јавна набавка, по што била спроведена постапка за јавна набавка за тековно одржување во централа, филијали, деловници, пензионерски домови. На 17.03.2023, Фондот со економскиот оператор од Тетово склучил договор за јавна набавка, додека на 31.07.2023 бил потпишан и анекс договор, врз основа на кој биле исплатени вкупно 9.915.238 денари со вклучен ДДВ.

Со ваквите дејствија, пријавениот Д.Б., заедно со пријавените Р.Б. и А.Х., ги повредил прописите за постапката за јавен повик и со нивниот меѓусебен договор ја изиграле постапката, па така неговата сестра, пријавената А.Х., стекнала право на сопственост на недвижниот имот, кој што е предмет на закуп од страна на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, со што пријавените нанеле штета на Фондот во вредност од 37.852.275 денари или 614.484 евра од Буџетот на РСМ.

Би можело да ве интересира

Кривична за петмина тетовци за трговија со дете и полов напад

А1он

Кривична за директор и раководител во ЈКП „Брегалница“ – Делчево, го оштетија претпријатието за над 7,5 милиони денари

А1он

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Управниот одбор на Фондот на ПИОМ го усвои Годишниот план за работа на Фондот за 2026 година

Мемов: Линеарното зголемување на пензиите е одлука на Владата, но Уставниот суд ќе го даде конечниот став

ФОНД НА ПИОМ: Пензионерите и осигурениците можат да бидат спокојни пензии редовно се исплаќаат и ќе се исплаќаат и во иднина секој први во месецот