Kривична пријава против службеникот кој му се закануваше на штипскиот градоначалник

Од:

СВР-Штип денеск до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 42-годишниот Ј.М., кој во два наврати преку СМС-пораки му се заканувал по животот на градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев.

Ј.М. е осомничен за за „Загрозување на сигурност на службено лице“. Според истрагата на полицијата Ј.М. испратил две СМС-пораки од мобилниот телефон до градоначалникот Захариев со заканувачка содржина, додека при проверката на неговиот службен компјутер е утврдено дека е-маил пораки со заканувачка содржина не се испраќани од него.

Ј.М.,кој е вработен во Општина Штип, пред четири дена беше приведен на информативен разговор во Полициската станица –Штип.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена