Кривична пријава против скопјанец за „злоупотреба на службена положба и овластување” и „фалсификување службена исправа”

Од:

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 51-годишниот Џ.Ј. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 и „фалсификување службена исправа” по член 361 од Кривичниот законик, извести МВР.

– На 26.07.2022, пријавениот во својство на референт за сеча и дотур во ЈП „Национални шуми“, издал испратница за 26.07.2022 за натоварено огревно дрво во количина од 2,5 кубни метри во товарно возило „там“ со скопски регистарски ознаки. При контрола, извршен увид и премерување од страна на Шумска полиција било констатирано дека натоварената количина не соодветствува со наведената количина во издадената испратница, односно дека има претовар од 1,5 кубни метри дрвна маса, соопшти МВР.

На тој начин пријавениот му овозможил на М.И., кој го управувал возилото, да се стекне со противправна имотна корист, а на државниот буџет му нанел штета од 13.500 денари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Приведени полицајци во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

Обновување на форензички софтвер, нема набавка на „софтвер за шпионажа“, реагира МВР

Катерина Ѓуровски

СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, МВР набавува сомнителен софтвер за прислушкување

Малолетници избоделе жител на Студеничани, со тешки повреди сместен во болница

Катерина Ѓуровски

СДСМ достави документи до ДКСК: Бара постапка за тендерот во МВР