Кривична пријава против поранешни вработени во ЕВН во Куманово

Од:

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Д.(44) оператор, поранешен вработен во „ЕВН-Македонија“-ХЕЦ Куманово и Е.А.(38) електромонтер, поранешен вработен во во „ЕВН-Македонија“-ХЕЦ Куманово за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, а второпријавениот и за „фалсификување или уништување деловни книги“.

Како што соопшти полицијата, во текот на 2013 година, првопријавениот во два наврати спротивно на законските прописи незаконски ги сменил матичните податоци во системот за евиденција, кој се води во „ЕВН Македонија“ и на име на потрошувачот А.А. од Куманово впишал матични податоци на Џ.Н. од село Романовце, по што извршил активирање на новото броило без соодветна документација. По ова, второпријавениот фиктивно извршил замена на старото броило на потрошувачот А.А. со новото броило на Џ.Н., а за извршените промени изготвил и потпишал службена исправа со невистинита содржина која била внесена во системот за евиденција на „ЕВН“. На овој начин пријавените го оштетиле „ЕВН“ за 90.000 денари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско