Кривична пријава против градоначалникот на Боговиње – изградил водовод без одобрение за градба

Од:

СВР Тетово поднесе кривична пријава против градоначалникот на Боговиње, тетовско, Албон Џемаили за „несовесно работење во службата“ и против фирма од Боговиње за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Според полицијата, градоначалникот во текот на минатиот месец спротивно на законот, овозможил почеток на изградба на водовод за потребите на граѓаните на с.Синичане, тетовско, без да обезбеди потребна документација и одобрение за отпочнување на градба.

Притоа во име на општината, преку Јавното комунално претпријатие, Џ.A. дал насоки да се ангажира фирмата од Боговиње, чиј сопственик M.A., според СВР Тетово, иако знаел дека за изградбата на водоводот не постои одобрение, го прифатил ангажманот и започнал со градежни активности.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за пет лица поради нелегална сеча и транспорт на дрва

Поранешна директорка на битолската Клиничка болница осомничена за злоупотреба

Кривична за велешанка – си зема 212.000 денари од касата на фирмата каде работеше

А1он

Ексградоначалник на Чашка под истрага за злоупотреба на функцијата

Екс-директор, двајца вработени и поранешен вработен во „Водовод“ – Кочани ќе одговараат за злоупотреба

А1он

Кривична за битолчанец – со фалсификување документи го оштети РЕК Битола за скоро 90.000 евра

А1он