Кривична пријава против двајца охриѓани за разбојништво

Од:

Против двајца охриѓани е поднесена кривична пријава за разбојништво врз старец од кој одзеле 19.000 денари.

Како што информира МВР, А.Д.(25) од Охрид и Г.Д. (18) од охридското село Горно Лакочереј, на 24-ти овој месец околу 15 часот и 30 минути, во нива во атарот на селото Горно Лакочереј физички го нападнале 83-годишниот Т.Д, кој бил дедо на Г.Д.

Откако виделе дека Т.Д. одмара во возилото, А.Д. ја отворил левата предна врата, му ги фатил рацете на дедото и со тупаница го удрил во главата, додека Г.Д. од левиот џеб од кошулата му одзела 19.000 денари, по што двајцата избегале, оставајќи го дедото со контузија на главата. Повредата на дедото подоцна му била констатирана во Општата болница во Охрид.

По кратко време, А.Д. е пронајден и при извршен преглед кај него се пронајдени 18.600 денари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Поради одрон, сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум по една лента

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он