Кривична пријава против четири лица за кривични дела „тешка кражба“, „соизвршителство“ и „прикривање“

Од:

Полицијата поднесе кривична пријава против четири лица за кривични дела „тешка кражба“, „соизвршителство“ и „прикривање“ поврзани со кражби во автомобили во Шуто Оризари.

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за внатрешни работи – Чаир до Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против А.И. (18), поради постоење основано сомнение дека сторил 17 кривични дела „тешка кражба“, Ш.М. (26), поради постоење основано сомнение дека сторила 17 кривични дела „соизвршителство“, С.И. (41), поради постоење основано сомнение дека сторил 16 кривични дела „прикривање“ и М.Б.(29), поради постоење основано сомнение дека сторил две кривични дела „прикривање“ .

– На 13/14.11.2020 година, првопријавениот А.И. заедно со Ш.М. извршиле 17 кривични дела „тешки кражби“ во патнички моторни возила низ населбата Шуто Оризари. Украдените предмети првопријавениот потоа ги продал на третопријавениот С.И., сопственик на отпад за секундарни суровини, и на четвртопријавениот М.Б., со што првопријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 83.300 денари, а причинил дополнителна материјална штета, соопшти МВР.

Полициски службеници ги лишија од слобода пријавените лица, а украдените предмети се одземени и се вратени на сопствениците.

Би можело да ве интересира

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје

За шест дена тројца арамии извршиле три кражби во куќи

Вработен во МВР две години крадел пари од службената каса

Полицијата уапси крадец кој ограбил две куќи

Горан Наумовски