Кривична пријава против 12 лица – стечајни управници, управители, банкари, инспектори

Од:

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 12 лица: М.Т.(75) од Кратово, И.Д. (42), С.Н. (52), Ј.П. (65) , Д.Ф. (49) и Д.К-С. (64) од Скопје и В.Н. (64) од Велес за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „оштетување или повластување на доверители“.

Кривични пријави се поднесени и против С.Т.(47) од Охрид, В.Д.(57) од Свети Николе, Р.С.(54) и Ц.Т.(39) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против Ж.А.-М.(47) од Крива Паланка, за „несовесно работење во службата“.

Како што соопшти МВР, М.Т. од 2007 до 2011 година во својство на стечаен управник на АД ЗИК Лозароовоштарство и преработка Куманово, во стечај, со намера за себе и за странското правно лице од Британски Девствени Острови, како и за домашни правни лица – Винарска визба Кокино и Сантал, двете од Куманово, спротивно на Планот за реорганизација, во кој стриктно било наведено дека новите правни друштва требало да вложат сопствени средства од 2,2 милиона евра, додека 1,6 милион евра да обезбедат преку подигање кредит, им овозможил да подигнат кредит од 3,5 милиони евра, заложувајќи го целокупниот имот на АД, кој бил проценет на 9,1 милиони евра.

Тоа е износот за кој го оштетил АД, а притоа се стекнале со противправна имотна корист од 1,9 милиони евра, истовремено задржувајќи ги целосно своите сопствени средства во износ од 2,2 милиони евра, предвидени за инвестирање. М.Т. дополнително им овозможил на наведените домашни правни лица да користат земјоделско обработливо земјиште без да плаќаат закупнина на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во вкупен износ од 3,4 милиони денари, за колку што е оштетен државниот буџет.

– И.Д.. како управител на посочените друштва, со намера за сите споменати странски и домашни правни лица да овозможат да се стекнат со противправна имотна корист, а на штета на: АД во стечај, на доверителите на стечајниот должник, како и на Буџетот на РСМ, откако претходно се обратил до МЗШВ за склучување нов договор за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, со вложувања во долгорочни насади и од каде што не добил никаков одговор, што значи не бил склучен нов договор за закуп, И.Д. стариот Договор, кој со Решение бил раскинат, го заверил во име на правното лице Винарска визба Кокино и овој фалсификуван договор го приложил во банка, по што И.Д. заедно со С.Н. (управител на друштвата) и член на УО од банка издејствувале Договор на рамковен револвинг кредит врз основа на договорен залог, наведува МВР.

Врз основа на Договорот, И.Д. кај нотар од Куманово склучил два нотарски акта, и тоа: Договор за одобрување на кредит во износ од 3,5 милиони евра и Договор за хипотека на недвижен имот стекнувајќи се со противправната имотната корист од 3,5 милиони евра а имотот на АД бил заложен на 9,1 милион евра на штета на АД.

И.Д., заедно со С.Н. од есента 2008 до јануари 2009 во 24 наврати го подигнале најголемиот дел договорениот рамковен кредит, а А Ј.П, Д.Ф. и В.Н, исто така управители во Винарска визба Кокино, во периодот од јануари-февруари 2009 во 12 наврати подигнале дополнителни средства од преостанатиот дел од кредитот, при што го задолжиле стечајниот должник за вкупен износ од 12,6 милиони евра.

Покрај ова, последниве тројца, иако биле без нов Договор за закуп на земјоделско обработливо земјиште со МЗШВ, во наведениот период незаконски ја обработувале земјоделската површина и за две и пол години не платиле закупнина на МЗШВ во вкупен износ од 55,8 илјади евра во денарска противвредност; ги отуѓиле моторните возила и земјоделската механизација, со проценета вредност од околу 11 милиони денари; ги продале резервите со наливно вино во вкупно количество од околу милион литри во износ од 1,2 милиона денари. Тие не инвестирале ништо, а не ги намириле ни пријавените признаени побарувања на доверителите, оштетувајќи ги во вкупен износ од над 41 милион денари.

– Исто така, В.Н. во периодот кога над АД ЗИК Лозароовоштарство и преработка Куманово повторно е отворена стечајна постапка, дал под закуп земјоделско земјиште во сопственост на РСМ, склучувајќи седум договори за деловно-техничка соработка со три лица од Куманово, со невистинита содржина, со што во периодот од 2011 до крајот на 2017 се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 3,2 милиони денари (61,4 илјади евра), а притоа не била платена закупнината во износ од 3,7 милиони денари, повторно на штета на буџетот на Министерството, односно на РСМ, стои во соопштението на МВР.

С.Т., вработен во банката, на 15 октомври 2008, без да изврши проверки за валидноста, го прифатил невалидниот Договор за долгорочен закуп на земјоделско земјиште и во име на банката и ги склучил двата споменати договора, со И.Д. и С.Н. В.Д., Р.С. и Ц.Т., директори на Државен инспекторат за земјоделство при МЗШВ, во различни временски периоди, иако знаеле дека на стечајниот должник АД во 2007 година му бил раскинат Договорот за закуп на земјоделско земјиште со Министерството, не овозможиле да се изврши задолжителен инспекциски надзор од Државниот инспекторат за земјоделство. Со ова дозволиле пријавените да обработуваат земјоделско обработливо земјиште, оштетувајќи го МЗШВ за 7,2 милиони денари (117 илјади евра), а со тоа и државниот Буџет.

Ж.А.М., државен инспектор за земјоделство, надлежен за контрола во реонот Крива Паланка и Куманово, во период од 2011 до 2017 година, со пропуштање должен надзор му овозможила на В.Н. да се стекне со веќе споменатата противправна имотна корист, нанесувајќи штета кон МЗШВ.

Од 2011 до крајот на 2016 Д.К.С. е новиот стечаен управник на АД, која откако го преземала движниот имот со кој располагал стечајниот должник, со проценета вредност од 10,9 милиони денари, таа незаконски ги отпишала. Со лажно прикажување факти во доставениот Извештај за стечајната постапка до Основен Суд Скопје 2 – Скопје, таа констатирала дека дел од моторните возила кои ги затекнала биле во многу лоша, а само дел во добра возна состојба, што е спротивно на констатираното од УЈП.

– Со оглед на тоа дека недвижниот имот е во сопственост на РСМ заложен со Нотарски акт – Договор за хипотека, заведен од страна на Винарска визба Кокино од Куманово, а истиот е одземен од банката во спроведена извршна постапка, од страна на СВР Куманово е побарано Јавното обвинителство да го вклучи Јавниот правобранител на РСМ за подрачје Куманово, наведува МВР во соопштението.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он