Кривична пријава на косовски граѓанин за тешка кражба

Од:

Полициската станица „Чаир“ до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје со кривична пријава го предаде лицето Р.Н. (28) од село Режанце–Качаник, Република Косово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ за што од страна на судија во претходна постапка  му е одредена мерка  притвор во траење од осум дена.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, кривичното дело пријавениот го извршил на крајот од минатата година на подрачјето на Чаир во спортската обложувалница „Спорт Лајф“ лоцирана на ул. „Втора Македонска Бригада“ бб во времето од 22 до 08.00 часот. Со употреба на тврд погоден предмет ја скинал  алката  од вратата  која со катанец била заклучена, а потоа и со физичка сила делувал на вратата при што ја отворил. Влегол внатре и од таму демонтирал три ЛЦД телевизори, меѓутоа успеал да одземе само два и еден мобилен телефон и го напуштил местото.

Од страна на екипа на  СВР Скопје  извршена е крим-техничка  обработка, подигнати се траги од папиларни линии. По извршената автоматска  обработка на отпечатоците, констатирано е дека потекнуваат од пријавениот. Тој  е приведен во Полициската станица „Чаир“ каде е остварен разговор во кој го негира извршувањето на кривичното дело.

Против Р.Н. во периодот од 2011-2014 година поднесени се три кривични пријави  од областа на имотните деликти  (тешки кражби).

Би можело да ве интересира

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он