Кривична пријава и притвор за две лица од Скопје за криумчарење мигранти

Од:

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против лицата А.А. (28) и Љ.Ш. (41), двајцата од Скопје, како и против непознато лице од Р.Грција поради основано сомнение дека сториле кривични дела “организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ и “криумчарење на мигранти“, согласно Кривичниот законик на РМ.

Како што соопшти МВР, пријавените, заедно со лицата А.Н. и Л.С., кои претходно беа опфатени со кривична пријава поднесена од страна на РЦ за ГР Југ, заради стекнување на противправна имотна корист, организирале криминална група, со цел вршење на кривични дела криумчарење на групи илегални мигранти од територијата на Грција на територија на Република Македонија.

-По ова, илегалните мигранти биле прифаќани од страна на членовите на криминалната група предводена од пријавените, ги превезувале кон Кумановско-липковскиот регион, каде времено се засолнувале, а потоа илегалните мигранти се криумчареле кон Р. Србија, наведуваат од МВР.

Од страна на Судија на претходна постапка на А.А. и Љ.Ш им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.

Би можело да ве интересира

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Излажал жена од Прилеп дека внукот ќе и оди во затвор заради сообраќајка во странство – и зел неколку илјади евра

Катерина Ѓуровски