Кривична пријава и 30 дена притвор за малолетник за кражба

Од:

Малолетник на возраст од 14 години доби кривична пријава поднесена од Одделението за малолетничка деликвенција и семејно насилство при СВР Скопје, поради сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба во обид“, за што му е одредена и мерка притвор во траење од 30 дена, соопштија од МВР.

– На 3 октомври оваа година, пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист, во населбата Драчево, во куќа, извршил кражба со што причинил материјална штета од 6.000 денари. Со употреба на физичка сила и погоден предмет извадил една од решетките од металната врата со која дополнително била обезбедена балконската врата од кујната каде направил отвор, потоа со подесен алат делувал на крилото од балконската врата и успеал да ја отвори. Влегол во куќата со намера да изврши  кражба но откако не пронашол ништо вредно што би можел да го украде, без да направи поголемо претурање се откажал од натамошните намери и по истиот пат од каде што влегол ја напуштил куќата и заминал во непознат правец, се наведува во соопштението.

Според евиденција на Министерството за внатрешни работи, против малолетникот во текот на 2014 година се поднесени 9 кривични пријави за извршени 14 кривични дела.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи