Кривичен суд: Куќен притвор и одземена патната исправа за апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Од:

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, донесе решение со кое на осомничениот апелацискиот судија Ѓ.Р. му се определува мерка куќен притвор, како и дополнителна мерка за обезбедување присуство – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова.

-Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост против Ѓ.Р., по произнесување на осомничениот и надлежниот јавен обвинител, донесе решение со кое предлогот на ОЈО се прифаќа и на осомничениот му се определува мерка куќен притвор како и дополнителна мерка за обезбедување присуство, односно одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, се наведува во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Со оглед на тоа што осомничениот е апелациски судија и се товари за кривичните дела „перење пари и други приноси од казниво дело“ по член 273 став 1 и „противправно стекнување и прикривање имот“ по член 359 – а став 3 вв став 1 од Кривичниот законик, Судот претходно го доставил предлогот до надлежниот Судски совет на Република Северна Македонија, кој одлучувал за одземање на судискиот имунитет. По добиената согласност од Судскиот совет, Судот го прифатил предлогот на ОЈО ГОКК.

Против ова решението странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет, велат од Основниот кривичен суд Скопје.

Би можело да ве интересира

Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Камбовски: Истрагата ќе утврди дали има одговорност кај судијата Ристов

Судијата Ѓоко Ристов останува во куќен притвор, одбиена му е жалбата

А1он

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Здружението на судии бара темелна истрaга без сензационализам за Ристов, но и заштитa на чесните од фелата

Катерина Ѓуровски

Одземен му е имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, Судски Совет ја одобри мерката куќен притвор

А1он