Кривичен суд ги одби жалбите на обвинителите за „бомбите“

Од:

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 одлучи да ги отфрли прислушуваните разговори како докази и ги одби жалбите на јавните обвинители кои приговараа против решението на судијата на претходна постапка. Според одлуката на судот „бомбите“ на опозицијата не можат да се користат како докази.

„Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, на денешната седница донесе решение со кое жалбите на ОЈО – Скопје против решенијата на судија на претходна постапка за издвојување на доказите од списите на предмети на обвинителството се одбиваат како неосновани и решенијата на судија на претходна постапка со кои се издвојуваат докази – аудио записи од телефонски разговори и транскрипти од истите се потврдуваат“, информираат од таму.

Против решението на судијата на претходна постапка се произнесоаа дваесет и еден обвинител.

Основниот суд Скопје 1 ја донесе оваа одлука откако Апелацискиот суд се прогласи за ненадлежен.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

(ВИДЕО) СДСМ: Експлозија на бомба во дворот на вработен во МВР

А1он

Во Атина уапсен маж кој планираше со бомба да убие екс обвинител

А1он

Поднесено обвинение против осомничените за фрлање бомба врз куќата на Здравко Чолиќ

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

Уапсен e маж под сомнение дека тој ја фрли бомбата во куќата на Здравко Чолиќ

Горан Наумовски