Кривичен ги отфрли „бомбите“ како доказ во шест предмети на СЈО

Од:

Скопскиот Кривичен суд ги отфрлил снимените разговори на Специјалното јавно обвинителство како докази во обвиненијата за предметите „Титаник“, „Титаник 2“, „ТНТ“, „Тенк“,„Тифани“ и „Тревник“.

– За предметот ТНТ одлуката на Судот беше донесена на 19 септември, само ден подоцна од одлуката на скопскиот Апелациски суд кој на 18 септември донесе решение со кое за предметот „Триста“ снимените разговори беа прифатени како доказ во постапката. За предметот „Титаник 2“ Кривичен донесе решение на 2 октомври со кое не ги прифати како доказ снимените разговори, потврдуваат за МИА од СЈО.

Оттаму велат дека логично е да се прифатат снимените разговори како судска практика кога таква одлука донел повисок суд за еден предмет, но и покрај тоа Кривичниот суд во други случаи не ги прифатил снимените разговори како доказ.

Од СЈО додаваат дека решенијата за шесте предмети се донесени пред 18 септември, но дека тие ги добиле деновиве.

Претходно беа отфрлени како докази и прислушуваните разговори во предметите „Тендери“, „Топлик“ и „Тортура“.

Се очекува СЈО да поднесе жалба за шесте одбиени предмети согласно законскиот рок.

СЈО досега достави 17 обвиненија до скопскиот Кривичен суд.

Би можело да ве интересира

САД: Евакуација по добиени дојави за поставени бомби

Неколку училишта и некои институции во Белград утринава добија дојави за поставени бомби

Дојави за бомби во неколку белградски училишта

Во Франција: Шест аеродроми се евакуираат истовремено поради закани за бомби

Фрлени се три бомби врз три српски куќи на Косово

Горан Наумовски

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески