Кривичен бара судијката за Ласкарци, избрана во Апелација, да остане до изрекување пресуда

Од:

Основниот кривичен суд Скопје денеска се обрати до Судскиот совет на РСМ со барање судијата Александра Ристеска која, меѓу другото, постапува и како член на совет во предметот со К.бр. 1407/19 поврзан со автобуската несреќа кај с.Ласкарци да биде времено делегирана во Кривичниот суд се до објавување на првостепената пресуда за конкретниот предмет, информираат од Судот.

– Судењето за автобуската несреќа кај с.Ласкарци е во фаза на завршни зборови за што веќе се насрочени четири продолженија во текот на тековниот и следниот месец. Барањето е со цел економичност и целисходност на постапкта како и спречување на непотребни одолговлекувања имајќи предвид дека со промена на судечкиот совет предметот може да почне од почеток со зведување на сите вербални и писмени докази како и сите вешти наоди, се вели во соопштението од Кривичен.

Воедно судот бара од Судскиот совет на РСМ во најкус рок да делегира најмалку тројца судии и тоа во одделот за Кривично полнолетни, одделението за Организиран криминал и корупција и одделението за Претходна постапка каде до овој момент постапуваа тројцата судии.

– Судот со заминувањето на тројцата судии, заради нивниот избор во Второстепен суд, и претходното престанување на судиската функција на пет судии во текот на 2023 година како и делегирање во друг суд на шест од 10 – те новоизбрани судии во текот на изминатата година, Основниот кривичен суд останува со 42 судии, што може да ја доведе во прашање ажурноста на судот и надминување на приловот на нови предмети, имајќи предвид дека на годишно ниво судиите постапуваат по 215.000 предмети, потенцираат од Кривичен.

Би можело да ве интересира

Мајката на судијата Ѓоко Ристов тврди дека 350.000 евра се нејзини: Бостан, диња, пипер, ореви, се продавав

А1он

Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов – Кривичен утре ќе одлучува за притворот

А1он

Фехми Стафа бара порано да го пуштат од затвор

Во Кривичен суд има 400 вработени помалку од предвиденото: фалат судии, поротници, административци и помошен персонал

Врховен го објави образложението за укинувањето на пресудата за Ласкарци

Кривичен: Осудениот Јане Боваровски за „Ласкарци“ согласно пресудата на Врховниот суд се ослободува од понатамошно издржување на казната затвор до донесување на нова одлука