А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Криумчарите на мигранти по признавање на вина, осудени и ќе бидат протерани од земјава

by А1он21/02/2020 - 14:09169
Share0

По поднесен обвинителен акт од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за предметот во кој се обвинети две лица, по потекло од Република Гана, дека сториле кривично дело „криумчарење на мигранти“, денеска во Основниот кривичен суд – Скопје беше одржано рочиште. По воведните зборови на надлежниот обвинител, обвинетите, германски државјанин и државјанка на Италија, ја признаа вината, информираат од Јавното обвинителство.

Добивај вести на вибер

Судот, како што е посочено, донесе пресуда со која на обвинетите им е изречена алтернативна мерка – условна осуда на казна затвор во траење од две години која нема да се изврши доколку во период од пет години не сторат друго кривично дело, воедно во текот на денешниот ден на обвинетите ќе им биде укината мерката притвор и ќе бидат протерани засекогаш од Република Северна Македонија. При одмерувањето на казната судот, како што е наведено во соопштението, ги имаше предвид олеснителните околности дека обвинетите не се сторители на други кривични дела и против нив не се водат други постапки во други земји, дека двајцата се вработени во земјите чии што се државјани, како и тоа дека првообвинетиот е татко на малолетно дете, а второобвинетата е болна. Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се согласи со изречената пресуда.

Имено, на почетокот на јануари годинава, обвинетите со намера илегално да пренесат тројца мигранти се упатиле со патничко моторно возило со германски регистарски таблички во Грција. За непречено поминување, за мигрантите обезбедиле јавни исправи – лични карти од Европска Унија и им ги дале на рака.

На граничниот премин „Богородица“ при контрола од страна на полициски службеник мигрантите се легитимирале со холандска, шведска и германска лична карта. Тројцата мигранти кои исто така потекнуваат од Гана, платиле вкупно 500 евра за патни трошоци, а според договорот остатокот од по 1000 евра од лице требало да го исплатат по пристигнување на крајната дестинација – Австрија.

migranti

Би можело да ве интересира

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Горан Наумовски03/03/2026 - 10:07

Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:2724/02/2026 - 09:42

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија

Горан Наумовски23/02/2026 - 11:14

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

Катерина Ѓуровски04/02/2026 - 09:15

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ18/01/2026 - 14:4718/01/2026 - 14:49

Седум големи магацини во САД ќе се таканаречени центри за подготовка за депортација на 80.000 мигранти

Горан Наумовски25/12/2025 - 14:4425/12/2025 - 14:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен