Криминалот на Филипче секој го гледал, а Јавното обвинителство упорно молчи и го штити, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Најголемата одговорност за криминалните модуларните болници, кои биле набавени како стоки со лош квалитет и леснозапалив материјал, со кредит од Светска банка е единствено кај Венко Филипче. Филипче, како тогашен министер за здравство, сега претседател на СДС, исто така е најодговорен за пожарот во модуларната болница во Тетово која целосно изгоре за само две минути, а со себе одзеде 14 животи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова секојдневно се потврдува со скандалозните детали од аферата „Провизии кои чинат животи“, која исто така покажа дека на Венко Филипче профитот од провизиите му бил на прво место, наместо здравјето и безбедноста на граѓаните. Криминалното дејствување на Филипче, со цел да се спаси од одговорност, но и битката за уште провизии продолжи и по трагедијата во Тетово, така што тој противзаконски потпиша ништовен анекс на договорот за на изведувачот на модуларните болници да му ја зголеми цената за 20% за да ги смени панелите на другите болници со огнотпорни материјали.

Но, овој анекс кој го изготвил Филипче, не сакало да го потпише ниту едно стручно лице, затоа што сите вработени во Министерството за здравство и стручните лица во комисиите знаеле дека направил криминал во случајот со модуларната болница во Тетово. Во ревизорскиот извештај направен по заминувањето на Филипче од здравство, констатирани се пропусти и противзаконски дејствија, додека во правното мислење од извештајот за анексот потпишан од него стои дека со цел да се спречат идни незаконски, правни и фискални импликации, договорот најитно треба да се раскине.

Лицето задолжено за проектот, не постапило по извештајот на проектната единица и на своја рака продолжувало да комуницира со изведувачот и врши притисок да се продолжи реализацијата според основниот договор и да се наплаќа по тие цени. Се до септември 2022 година не се презема ништо и не се раскинува договорот, со што изведувачот го стави во поволна состојба за поднесување тужба за надомест на штета. И од тука па натаму, цела тогашна влада на СДС се става во функција да го спаси Венко Филипче од одговорност.

Поради тужби за камати, министерството доставува информација до Владата со која предлага на изведувачот да му се плати спогодбено, под услов да се откаже од каматите и Владата на 11.07.2023 година носи одлука со која се одобрува исплата преку спогодба. Иако постоел внатрешен ревизорски извештај, подготвен пред заминувањето Министерството, поради тужби за камати, доставува информација до Владата со која предлага на изведувачот да му се плати спогодбено, под услов да се откаже од каматите. Владата носи одлука на 11.07.2023 година со која се одобрува исплата преку спогодба.

Но и оваа спогодба не сака да ја потпише никој од проектната единица, затоа што знаеле колку е корумпирана и криминална оваа работа, со 20% провизија која завршила во нечиј џеб. Криминалот на Венко Филипче секој го гледал, освен Јавното обвинителство кое наместо да отвори постапка, упорно молчи и го штити. Криминал на Филипче има и во пуштањето во употреба на модуларните болници без одобрение од министерството за поставување и употреба, кои биле спротивни на Законот за градење и во кои не смеело да се обавува здравствена заштита. Исто така, лично Венко Филипче го правел тендерот за модуларната кој дал листа со напишана спецификација. Вистината за модуларната болница, јавноста заслужува да ја дознае, но и обвинителството да постапи. Аферата „Провизии кои чинат животи“, го откри вистинското лице на Венко Филипче“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер