Криминал, мафија, перење пари-биографија на луѓето кои сакаат да го преземат Макпетрол

Од:

Откриените офшор шеми и имињата на сомнителните бизнисмени кои стојат зад компанијата што се обидува да го преземе Макпетрол, деновиве ја брануваат македонската јавност.

Покрај Ури Бидер, сопственикот на Балкан петролеум холдинг лимитед, компанијата основана пред само 35 дена, посебно внимание привлекува името на Михаил Черни, долгогодишен партнер и соработник на Бидер.

64-годишниот Черни е израелски државјанин, бизнисмен и индустријалец, роден во Узбекистан. Тој за првпат се појавува на руската бизнис-сцена на крајот на 80-те, кога по распадот на Советскиот Сојуз влегува во алуминиумската и челичната индустрија и станува дел од новосоздадената руска олигархија. Од овој период се првите информации за поврзаност на Черни со мафијата. По низата успешни и неуспешни атентати врз негови соработници во Русија, Черни во 1995 емигрира во Израел. Во исто време, тој го проширува интересот на низа други бизниси – во Бугарија го купува единствениот мобилен оператор во земјата – „М-Тел“, фудбалскиот клуб „Левски“ и весникот „Стандарт“, а влегува и во тутунската компанија „Булгартабак“.

Во 2000 година, Черни е протеран од Бугарија на десет години поради криминални бизнис-активности, а низ годините забранет му е влезот во САД, како и во повеќе европски земји. Во Швајцарија, каде Черни се обидел да влезе со руски пасош, започнува 12-годишен судски спор за врските на милијардерот со мафијата, кој завршил во 2008, со ослободување од обвиненијата. Во Израел, тој е предмет на посебна истрага, а властите му го одземаат пасошот. Шпанските власти во 2009 година исто така го обвинуваат Черни за перење пари, издаваат потерница преку Интерпол и бараат од Израел да го испорача милијардерот. Во последните години, името на Черни се јавува во низа офшор-комбинации, а ова е потврдено и со појавувањето на тајкунот во „Документите од Панама“.

DSC_6329_tonemapped

За македонската јавност, интересна е поврзаноста на Михаил Черни со скандалот со рафинеријата „Рафо“ во Романија. Во овој случај руско-израелскиот милијардер е вмешан во преземање на нафтена компанија на Балканот, а последиците биле катастрофални за вработените и за романската економија.
По преземањето од низа сомнителни бизнисмени и компании, рафинеријата во еден момент доаѓа во рацете на Ури Бидер, кој всушност е параван за офшор фирмите на уште еден контроверзен израелски бизнисмен поврзан со Черни, Бенјамин Стајнмец. Рафинеријата „Рафо“ тогаш ја презема фирма со речиси исто име како компанијата што денес се обидува да го преземе „Макпетрол“ – Балкан Петролеум. Токму под водството на овие луѓе, рафинеријата се затвора, илјадници вработени одат на улица, а имотот се продава како старо железо.

Ако се има предвид овој богат „минат труд“ на луѓето околу сопственикот на „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“, Ури Бидер, разбирливи се стравувањата и сомнежите дека се подготвува повторување на нивните дубиозни бизнис-игри и во Македонија.

Во оваа ситуација, додека се чека ставот на Комисијата за хартии од вредност околу намерата на британско-кипарската компанија за преземање на дел од акциите на „Макпетрол“, јасно е дека државата мора да ги активира сите заштитни механизми и да спречи какви било манипулации на акционерите. Впрочем, според познавачите, една од клучните функции на Комисијата за хартии од вредност како берзански регулатор е токму заштитата на домашната економија од влез на црн капитал.

„Макпетрол“ веќе обвини дека дел од акционерите биле контактирани да ги продадат акциите пред јавната понуда, што е спротивно на законот. Комисијата и натаму молчи околу целата постапка. Доколку на 9 јули регулаторот ја одобри јавната понуда за акциите на „Макпетрол“, почнува рок од десет дена, во кој КХВ ќе ја разгледа понудата, во која Балкан Петролеум мора да ги депонира и парите со кои планира да ги купи акциите. Ако КХВ ја одбие понудата, британско-кипарската фирма ќе го изгуби правото да достави нова понуда во следните година дена.

Би можело да ве интересира

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Куманово

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана