Крик: Извештај од УБК-српскиот разузнавач Живаљевиќ влијаел врз македонската политичка ситуација преку Стоилковиќ

Од:

КРИК, српската мрежа за истражување криминал и корупција објави документи, за кои вели дека се извештај од УБК(македонската Управа за безбедност и контраразузнавање).

На неколку страници, според КРИК се транскрипти од разговори помеѓу долгогодишниот пратеник Иван Стоилковиќ и српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ, истиот оној кој беше евидентиран во Законодавниот дом за време на насилствата на 27 април.

Разговорите се водени на почетокот на месец март 2017 година.

Во разговорите, според документите, Стоиљковиќ кажува дека брифира некого за колумни, секојдневно оди на протести и снима и прашува дали да го повикаат Орце за да направат некоја приказна. Живаљевиќ најавува дека ќе оди кај Иванов, а се споменува и Лазански кој, како што велат ќе го носат кај Груевски.

Во извештајот за кој се тврди дека е од УБК, има заклучок во кој се вели дека српскиот разузнавач ги котролира и насочува активностите на пратеникот Стоилковиќ, а преку него, посредно се обидува да влијае и врз политичката ситуација во Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Детали за несреќата во Хрватска: покрај двете жртви има и шестмина тешко повредени

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Српски „ловци“ следеа авион на „Виз ер“ поради закана со бомба

А1он

Уапсен е Предраг Вулетиќ, соработник на Вулин: Осомничен е дека го оштетил буџетот за 131 милион динари

(ВИДЕО) Вучиќ: Инвеститорите ја напуштаат Србија