Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител донела одлука да предложи разрешување на јавен обвинител.
„ По спроведената дисциплинска постапка против јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и разгледување на извештајот на обвинителот-известител, донесе Решение со кое утврди дека обвинителот е одговорен за сторена тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 8 од Законот за јавното обвинителство.“ велат од обвинителство.
Врз основа на изведените докази, Комисијата утврдила дека јавниот обвинител без оправдани причини не постапувал по предмети во пропишаните законски рокови, со што значително била одолговлечена постапката во предметите.
Со оглед доказите, одлучено е до Советот на јавните обвинители да биде поднесен предлог за разрешување на јавниот обвинител, велат од Обвинителството.
За кој обвинител се работи и кој предмети ги криел во фиока, нема информација. Од обвинителството велат дека комисијата има обврска да ја штити доверливоста на постапката бидејќи е двостепена и одлуката мора да ја донесе Советот на јавни обвинители.