Креирање екосистем и промоција на претприемништвото во Струмица

Од:

Во просториите на Домот на Армијата во Струмица, денеска ќе се одржи тркалезна маса на тема ,,Креирање екосистем и промоција на претпиемништвото за економски развој на општина Струмица”, во рамки на проектот „Мобилизација и активизам во локалната заедница-Институционална поддршка од Фондацијата Отворено Општество Македонија“.

Настанот го организира Центарот за истражувања и анализи „НОВУС“ од Струмица, а е поддржан од Фондација Отворено Општество Македонија.

На тркалезната маса ќе бидат презентирани инвестиционите можности за создавање на квалитетен екосистем и економски развој на општина Струмица и регионот од препораките за градење на Струмица како град.

Учесниците ќе дискутираат и за тековните огласи и фондови за користење при Фонд за иновации и технолошки развој, активните мерки и политики за вработување, ЕУ фондови и програми за користење на директни ЕУ средства за финансирање, а ќе се разговара и за новиот закон за инвестирање.

На тркалезната маса ќе учествуваат градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Зоран Шапуриќ, директорот на Фонд за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, директорката на АВРМ, Билјана Јовановска и Директорот на Центар за економски истражувања-Бизнис ангели и Capital Venture, Леонид Наков.

Би можело да ве интересира

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја