Креативни столпчиња за поголема безбедност пред училиштата во Карпош

Од:

Општина Карпош постави заштитни столпчиња пред неколку основни училишта во Карпош, со цел, дополнително да ја зголеми безбедноста за учениците пред воспитно – образовните установи.

Ваков тип на сигнализација, како што соопшти Општината, беше поставена пред училиштата „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4 (од влезот на улицата „Разловечко востание“ и од пристапот на ул. „Трифун Бузев“), пред ООУ „Владо Тасевски“ во Козле (на улица „Јуриј Гагарин“), како и пред ООУ „Војдан Чернодрински“ во населбата Владо Тасевски (на ул. „Дрезденска“).

Столпчињата, наведуваат, треба да ги предупредат учесниците во сообраќајот, да ја намалат брзината на движење и да обрнат поголемо внимание кога се движат во близина на училишта.

Локалната самоуправа ќе постави вакви заштитни столпчиња и пред другите училишта.

– Општината, го подигна нивото на безбедност пред образовните установи, поставувајќи обични и интелигентни „лежечки полицајци“ и метални бариери. Од минатата учебна година, во сите основни училишта беше ангажиран дел од кадарот, со помош на сообраќаен знак, да го регулираат сообраќајот на локалните улици пред почетокот и на крајот на наставата, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

82-годишна жена е пронајдена почината во стан во скопски Карпош

Јакимовски: Само една зграда во Општина Карпош е онака како што бара законот

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров