Накит и пари во вредност од 360.000 денари се украдени вчера од куќа на ул.„Никола Вукмиров“ во Скопје, а од стан на ул. Социјалистичка зора“ во вредност од 90.000 денари, информира денеска полицијата.
Засега непознат сторител од куќата, сопственост на Д.Б.(37), одзел златен накит и 450 евра, а од станот сопственост на К.Т. (65) исто така непознат сторител украл златен накит, 750 евра и 4.500 денари.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.