Краткотрајно невреме во Куманово

Од:

Куманово попладнево го зафати краткотрајно, но силно невреме проследено со пороен дожд и силен ветер.

Од Регионалниот Центар за управување со кризи Куманово денеска изјавија дека жители од различни локации од градот ги информирале дека по улиците се слеваат реки поради неможноста на атмосферската канализација да ја прибере количината на надојдената вода.

Со овие проблеми се соочиле жителите од „Бајрам Шабани“, локалитетите „Поток Серава“, булеварите „Трета МУБ“ и „Октомвриска револуција“. Од силината не ветерот откорнати се гранки од дрва во централното градско подрачје.

Екипите на „Чистота и зеленило“ излезени се на терен и го отстрануваат гранките.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Силна бура зафати делови на САД: откажани стотици летови, илјадници без струја

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување