Крамер: Македонците себе си се гледаат како дел од Европа

Од:

Трансатлантските интереси и вредности се доведени во прашање поради застојот во проширувањето на ЕУ, и Вашингтон и Лондон сакаат да наметнат своја агенда за продлабочена соработка со сојузниците од Западен Балкан.

Според Ричард Крамер, претседател на невладината организација “Алијанса САД и Европа”, идејата е да се зачува и надгради европската безбедност и просперитет, посебно во време на подем на сили противници на трансатлантските интереси и вредности.

Крамер, соработник во “Институтот за истражувања во надворешната политика”, експерт за Турција, Авганистан и Ирак и поранешен советник на владите на Грузија и Црна Гора, во интервју за МИА изјави дека “Западен Балкан е посебно ранлив на влијанието на овие сили, сега кога проширувањето на ЕУ со нови членки во регионот е закочено од француското вето”.

“Подемот на Кина во регионот, со ефективно раздавање милионски кредити без претходен скрининг и поставени услови, а „ако проектите пропаднат, со обезбедените хипотеки, на пример на земјиште, Кинезите го зацврстуваат влијанието на долг рок“, но и дестабилизирачките активности на Русија, поттикна алијансата да подготви нон-пејпер (нацрт политичка програма) за ново англо-американско партнерство за Западен Балкан”, рече Крамер.

“Одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон да го запре проширувањето на ЕУ дојде во посебно важен период за Западен Балкан.

Се отвори политички и безбедносен вакум во овој стратегиски важен регион.

Противничките сили сега ефективно можат да го пополнат тој вакуум”, изјави Крамер на синоќешната презентација на извештајот организирана од Обединета македонска дијаспора и Консултативниот совет за Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Алармантна ситуација во НАТО: Европската воздушна одбрана е најслабата алка

Купер: Безбедноста на Западен Балкан придонесува за безбедноста на цела Европа

Европските дипломати не се задоволни од стилот на Каја Калас

Во случај на нуклеарна војна со НАТО, Русија има таргетирано 32 цели во Европа

Лавров: За арогантната Европа нема место на преговарачката маса

Картер: Европа без Америка тешко може да ја спаси Украина