Крамариќ денеска ќе оствари средба со новиот градоначалник на Штип

Од:

Од Центарот за односи со јавноста на локалната самоуправа Штип јавуваат дека хрватскиот амбасадор Златко Крамариќ денес ќе оствари средба со новоизбраниот градоначалник на Штип, Илчо Захариев.

Средбата е закажана за 18 часот и 30 минути, а ќе се одржи во општинската зграда, каде што е сместен кабинетот на градоначалникот.

Оваа средба има цел новиот градоначалник да се запознае со досегашната соработка што постои меѓу Република Хрватска и Општина Штип, а воедно ќе биде искористена и за создавање услови за понатамошна успешна соработка.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена