Крадец „оперирал“ во домот на Казанџиска, додека таа ја мажеше ќерка си

Од:

Додека се веселеше со 400-те гости, крадец оперирал во куќата на пратеничката Билјана Казанџиска.

Казанџиска во Радио кафе Канал 77 во Штип правеше свадба на поголемата ќерка и нејзиниот избраник Петар Марјанов.

Роднини, пријатели, пратеници, советници, партиски членови а меѓу нив и лидерот на СДСМ Зоран Заев беа дел од свадбената веселба.

kazandziskaveselba1

Според информациите од полицијата кражбата се случила во периодот од 21 часот во саботата до 4 часот наутро.

Крадецот со употреба на сила и соодветен алат ја исекол заштитната мрежа од прозорецот на приземниот дел од куќата по што влегол внатре и одзел поголема количина на златен накит и 200 евра.

kazandziskaveselba2

Материјалната штета допрва ќе се утвдрува. Полицијата работи на пронаоѓање на сторителот на кражбата.

На ФБ таа објави фотографии од веселбата.

Би можело да ве интересира

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата