Козметичките промени во изборниот код се нова игра на политичките актери

Од:

Национална Демократска Преродба изјавува дека „договорт„ за промените во изборниот код од страна на четирите политички партии, со меѓународно посредство, е една вистинска фарса, и уште еднаш се потврдува консистентниот став на НДП дека сето ова е една игра дека нешто е постигнато. Имајќи предвид дека еден голем дел од проблемите на земјата се предизвикувани од големи манипулации во различни изборни циклуси, што имаат резултирано во непризнавање на резултатите на изборите и бојкот на собранието, е само прашање на време кога проблемите од ваков вид ќе ескалираат повторно, но овој пат со поголеми последици.

Национална Демократска Преродба во континуитет има изјавувано дека земјата има потреба за вистинска демократизација, и една од методите заа ова демократизација доаѓа од новитетот што треба да донесат „отворените листи.„ Но, четирите политички партии не се спремни да се демократизираат себеси и по автоматизам и самата држава во врска со ова прашање. Во врска со ова, несфатливо е и улогата на меѓународната заедница што не инсистираат во промената од овој вид што е суштествено за демократизација на земјата во целина. Во насока на ова демократизација е и изборниот модел што и понатаму ќе продолжи да го фаворизира овој автократен режим што ја има доведено земјата во прагот на пропаст. Моделот со „една изборна единица„ ќе го извадеше на виделина не само политичкиот колорит, туку и етничкиот, како едно големо богатство во правец на демократизација на земјата, имајќи предвид дека Македонија е позната како мултиетничка држава.

Повлекување од првичната идеја за прочистување на избирачкиот список и на самото гласење преку „отпечаток од прсти„ и донесување на еден новитет на фотографија на гласач, не е ништо друго освен една голема манипулација дека е направена голема позитивна промена. Фотографија на гласач не елиминира никаков сомнеж за изборна манипулација, имајќи предвид дека манипулацијата се прави од човечки фактор, партиската локална изборна комисија каде уште понатаму ќе продолжат да му служат на овој автократски режим.

Национална Демократска Преродба држи став дека промените во изборниот код се козметички промени и ова нема да донесе ништо позитивно во елиминација на сомнежите за изборна манипулација. Меѓународната заедница треба да знае дека толеранција на овие политички игри од страна на локалните политички актери ќе доведе до последици со огромен кост не само за земјата, туку и за самата меѓународна заедница поради фактот што досега имаат инвестирано премногу за решавање на сите овие проблеми.

Би можело да ве интересира

Тимоние на средба со Весел Мемеди во НДП, разговарано за причините за неучество на изборите

Ландов

НДП нема да учествува на изборите поради неуспехот на албанската опозиција да формира свој блок

А1он

НДП избра ново раководство

Ана Ололовска

Заврши вториот Конгрес на НДП, Весел Мемеди избран за претседател

Ана Ололовска

НДП го поддржува консензуалниот кандидат

Ана Ололовска

Мемеди: Време е правдата да зборува

Ана Ололовска