А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Козаностра: Топузовска видена кај Собранието

by А1он12/05/2014 - 13:1112/05/2014 - 14:45117
Share0

На интернет порталите со сатирична содржина се пишува за исчезнувањето на Роза Топузовска и премислувањето дали таа ќе одлучи да се откаже од пратеничкиот мандат. Топузовска е единствената во цела опозиција која нема потпишано дека се откажува од пратеничкиот мандат и покрај одлуката на највисоките тела на опозициските партии.

Добивај вести на вибер

Текстот од Козаностра во целост го пренесуваме:

Средовечна жена која според описот одговара на кандидатката за пратеник од ЛДП Роза Топузовска видена деновиве како кружи околу парламентот. Според граѓаните кои ја забележале, лицето за кое се верува дека би можело да е Роза е забележано во паркот до Собранието на РМ со цвет во раката.

– Поминав веднаш до неа, речиси сум сигурен дека беше таа. Држеше во раката цвет и ги кинеше ливчињата едно по едно. Ја чув како си зборува “да влезам, да не влезам, да влезам, да не влезам…” – раскажува граѓанин.

Тој се јави во нашата редакција откако на интернет прочитал дека ЛДП и Андреј Жерновски изгубиле секаков контакт со Роза Топузовска. Таа не им кревала телефон за да им каже дали ќе го прифати ставот на опозицијата и на сите нејзини 119 колеги од листите да го отфрлат пратеничкиот мандат – пишува сајтот Козаностра.

ldpsobranie

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:54

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 07:56

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен