Ковачки: СДС има 24 часа да се извинат, не сум осудуван

Од:

„СДС лаже, во обид да го одбранат дезертерот Ковачевски манипулираат за наводно дело против мене. Најодговорно тврдам под целосна кривична и правна одговорност дека НЕ СУМ ОСУДЕН за Кривично дело фалсификување на исправа“, напиша на својот фб профил, Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ по соопштението на СДСМ.

„Барам од СДС во рок од 24 часа да се извинат за оваа лага, во спротивно ќе поднесам Кривична пријава против партијата.

Со лаги не можат да го демантираат документот дека нивниот претседател е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН.

Дезертерот Ковачевски наместо да се служи со лаги, да почне да ги пакува куферите од Влада и да си даде оставка веднаш, бидејќи ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН човек не може и не смее да ја води државата“, додаде Ковачки.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ