Ковачки не успеа да го запали, па го искина францускиот договор и му порача на премиерот: Ќе скапеш во затвор, ќе скапеш

Од:

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки по говорот во Собранието се обиде да го запали документот со објаснување за францускиот предлог доставен до пратениците, но запалката не му исфрли пламен. По неколку секунди безуспешно обидување да запали, Ковачки на говорницата ги искина хартиите и си замина.

Пред да го искине документот, Ковачки му се обрати на премиерот Димитар Ковачевски.

„Еден совет за овој што избега, за премиерот што не го признавам. Прво народот те плаќа да ги браниш неговите интереси а не да ги распродаваш, второ ќе скапеш во затвор, ќе скапеш. Нека ти е јасно и на тебе и на тие што ти климаат со глава. Можете да се смеете до утре сабајле, ние ова ќе го реализираме. И трето, се уште имате време да кажете не. На вас останува, да живее Македонија“, рече пратеникот Ковачки.

Говорејќи против францускиот предлог Ковачки рече дека е подготвен да го даде и животот за да не се смени уставот на барање на Бугарија.

„Нема промена на Устав по бугарски диктат и без гаранции за Македонците и тоа не по цена на нашите политички кариери туку по цена и на нашите животи. Тоа треба да го знаете. Ова да си го запишете и запаметите. Доста си игравте со Македонија“, рече Ковачки.

Предавството, според него никому нема да му биде простено.

„Прочка нема да има за никој почнувајќи од Заев, неговиот пион Ковачевски залутаниот во вилата на Водно Пендаровски и сите кои се огрешиле против својот народ, да си знаете, јавно ви кажуваме – прочка нема да има“, рече Ковачки.

По неговиот неуспешен обид за палење на документот, хартиите успешно ги запали на говорницата неговиот партиски колега Јован Јаулески, а договорот демонстративно го искина и нивната колешка Рашела Мизрахи со чиј говор заврши денешната седница.

Би можело да ве интересира

Митрески: Македонската иднина е европска, со македонски јазик, култура, идентитет и историска посебност

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Јанушев: Даре, те гледам во очи и ти кажувам дека си однароден мрсник, бугарски

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Стојаноска до СДСМ: Вашето гласање ќе има важност колку една обична бугарска прдешка

Ана Ололовска

ВИДЕО: СДСМ и сите партии на Албанците ги изгласаа заклучоците за францускиот предлог

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Николоски: Прифаќањето на бугарските барања е најголемо предавство во независна Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Калеска Ванчева: Најголемата грешка на ВМРО-ДПМНЕ е што сакаше со лаги да ги злоупотреби граѓаните

Ана Ололовска