Ковачки: Лагите на СДСМ на виделина – Никаде во Извештајот на ГРЕКО нема препорака за унапредување во МВР без критериуми и по 3 скалила одеднаш

Од:

„Лагите на СДСМ и Оливер Спасовски повторно се распукаа како меур од сапуница. Никаде во препораките нема насока министерот да може да унапредува по 3 места одеднаш. СДСМ и Спасовски повторно со лаги и измами, криејќи се зад наводни препораки, вметнуваат деструктивни решенија во законите“, рече Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова се штетни решенија кои наместо да бидат во функција на спречување на корупцијата и партизацијата, тие се катализатор на истите.

Со уништувањето на системот за кариера кој беше граден со помош и на ЕУ, односно преку озаконувањето на унапредување на вработените без критериуми и тоа за 3 скалила одеднаш, се СТИМУЛИРА корупцијата во високите редови на МВР и се врши партизација до најниските нивоа во министерството.

На овој начин, лице поставено како водич на безбедносен реон во полициска станица со чин помлад инспектор, ќе може директно да биде назначено за командир на полициската станица.

Или второ, лице – самостоен инспектор, вработено во некој сектор на Одделот за организиран криминал во МВР во кој има Одделенија и Сектори, преку ноќ, со потпис на Спасовски ќе може да биде назначено за началник на целиот Оддел, т.е. да им стане началник на сите дотогашни началници на одделенија и сектори во рамките на тој Оддел што брои неколку стотици луѓе.

Спасовски е должен да и објасни на македонската јавност, зошто за безбедноста на граѓаните ќе се грижат лица без потребните компетенции и без искуство и дали се тоа европските вредности за кои се залагаат.

Вакво штетно законско решение не постои никаде во Европа.

СДСМ прави преседани за во иднина и истите ќе имаат влијание на професионалноста и меѓучовечките односи во МВР, а со тоа и на безбедноста на државата“, изјави Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања