Ковачки: Институциите молчат за скандалот со еден тон дрога на скопскиот аеродром

Од:

Застрашувачки е молкот на институциите за скандалот со еден тон дрога кој бил внесен во државата преку скопскиот аеродром пред еден месец вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган ковачки.

-Молкот на МВР, Царина и Обвинителство доволно говори дека институциите се обидуваат овој скандал да го заташкаат и прикријат, а причината за тоа е дека има сериозен сомнеж за поврзаност на власта со него. Обвинителството, МВР и Царина во минатото спектакуларно известуваа за далеку помали случаи, а за овој случај нема речиси ништо. Не слушнавме за приведени и за одговорност, а веќе помина цел еден месец. Институциите не демантираа ниту дека дрогата била натоварена и спроведувана со возила на царината со ротациски светла. Институциите не демантираа дека царинскиот службеник кој бил директно поврзан со овој скандал ја променил изјавата од тоа дека добил усна наредба да не ја проверува стоката, во тоа – дека не добил наредба. Институциите не демантираа дека во царина имало вонредни состаноци како да се заташка ваквиот скандал , ниту пак беше демантирано дека биле вршени притисоци врз вработените да молчат, рече Ковачки на прес конференција.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела