Ковачки до Спасовски: Две недели не можете да откриете лажни дојави за бомби, што ќе правите за посериозни ситуации?

Од:

„Повторно нови дојави за бомби во училиштата. Еве зошто предупредуваме цело време дека во МВР не може да се вработуваат лица со основно занимање каменорезец, или поранешните градоначалници и партиски другари на Оливер Спасовски кои се навикнати на златна лажица и лица кои не поминале безбедносни проверки итн“, пишува на социјалните мрежи Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали е појасно зошто цело време алармираме дека Законот за Внатрешни работи што го донесоа СДС, ДУИ и пајтон партиите, со што на Министерот му се дава право да унапредува по 3 (три) скалила одеднаш дека не е добар за институцијата?

Дали е појасно зошто безбедносниот сектор не смее да биде да биде партиска алатка на Оливер Спасовски и СДС и дека сето горенаведено е на штета на безбедноста на граѓаните?

Во МВР нема професионализам, нема лица со соодветни компетенции на вистински места и најважно од се’ – нема одговорност.
МВР е мртво ткиво.

Цели 2 недели не можат да откријат лажен бомбаш кој од лажни адреси, лажно ги паничи децата и граѓаните. Не сакам ниту да замислам како би реагирало МВР во некоја поопасна и посложена ситуација.

Спасовски наместо да се загрижи за својата и неспособноста на кадрите што сам ги поставил, си тера партиска агенда по локални партиски штабови на распаднатиот СДС“, додава Ковачки.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски