Ковачевски: Жално е што од оваа година престанува да се одржува „Егејска средба“ во Трново!

Од:

Делегација на Коалицијата „Сојуз за иднината„ во состав Васко Ковачевски – СДСМ, Јулијана Силјановска – СДСМ и Горан Милевски – ЛДП, денес положи свежо цвеќе на спомен обележјата на Крсте Петков Мисирков и Мирка Гинова. Во оваа пригода, изјава за медиумите даде Претседателот на ОО СДСМ Битола, Васко Ковачевски.

„На денешен ден пред 68 години беше стрелана Мирка Гинова. Таа беше еден од најсветлите ликови во Македонската националноослободителната борба. Со оглед дека на денешен ден се навршуваат и 88 години од смртта на најголемиот македонски културно-национален деец Крсте Петков Мисирков, ние од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата, во оваа пригода изразуваме пиетет кон ликовите и делата на двајцата великани кои водат потекло од Егејскиот дел на Македонија.

Истовремено, изразуваме длабоко жалење што од оваа година престанува да се одржува традиционалната таканаречената „Егејска средба“ во селото Трново! Укинувањето на средбата, под притисок на власта и Градоначалникот на Битола, го сметаме за срамен акт, кој е спротивен на македонските национални интереси. Се прашуваме, дали ова е обид да се стави под тепих „егејското прашање“, со кое во изминатите години власта собираше политички поени. Наспроти сето тоа, ние кога ќе бидеме во можност, ќе се обидеме да ја вратиме оваа македонска патриотска манифестација!„

Би можело да ве интересира

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски