Ковачевски за реконструкцијата: Во Владата место има и за Алтернатива

Од:

Предлогот за реконструкција на Владата, чиј кабинет се проширува со кадри од Алијанса за Албанците, а се намалува со тие од Алтернатива, денеска е на дневен ред на 104. седница на Собранието.

Иако Алтернатива на Африм Гаши ја напушти владината коалиција и најави дека ќе делува како опозициска партија, премиерот Димитар Ковачевски во своето барање за реконструкција на Владата рече дека во највисокиот извршен орган има место и за Алтернатива.

– Реконструкцијата не е мотивирана од имиња ниту презимиња, ниту од партиски мотиви. Точно знам што треба да правиме, знам да направам добро лошо, знам што е држава и што е личен интерес. Не се грижам за личниот рејтинг и за своите потреби. Од денот кога станав премиер реков дека во Владата ќе има отворена врата за сите кои сакаат иднина на државата.

Постојано ја потенцираме потребата од проширување на европскиот фронт. Понудивме рака за стратешките прашања, потребно е сите да сме заедно. Во вакви времиња не смееме да дозволиме овие разговори да бидат за делење на партиски фотелји. За мене политиката не е збир на функции од собирање, множење и делење.

Место во Владата има и за Алтернатива, сакам да и се заблагодарам за досегашната работа во министерствата. Имам свое мислење за работата на министрите, но работата мора да се оценува преку објективни критериуми – истакна премиерот Димитар Ковачевски во своето образложение зошто ја првата реконструкција на Владата откако е нејзин претседател.

Со Предлогот за реконструкција на Владата, тројцата министри од Алтернатива, за здравство, за информатичко општество и администрација и за дијаспора треба да бидат разрешени и заменети со кадри од Алијанса за Албанците. Истовремено треба да се констатираат и оставките на министрите за правда Никола Тупанчевски од СДСМ и за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини од ДУИ, кои отстапуваат по едно министерско место.

Разрешувањето на министрите е прва точка на 104. седница на Собранието, по што следи изборот на новите кадри – Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, сите тројца од редовите на АА, како и на Каја Шукова од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата и Стопанската комора го поддржуваат денешниот бојкот на големите маркети

Горан Наумовски

Левица: Владата кажа дека нема да го помага ЕСМ – цехот ќе го плаќаат граѓаните со поскапо парно

Со законските измени се суспендира инспекцискиот надзор и се создава правна апсурдност и несигурност, реагира опозицијата

Катерина Ѓуровски

Инспекторатите нема да имаат сопствена буџетска сметка, ниту ќе спроведуваат постапки за јавни набавки

Катерина Ѓуровски

Во Собранието седница за пратенички прашања

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска