Ковачевски за компанијата на сопругата: Секој граѓанин може да инвестира во приватна фирма

Од:

„Уделот во компанијата на мојата сопруга е пријавен во мојот анкетен лист, тоа не е од сега, туку пред да стапам на функција како претседател на Владата“, изјави премиерот Димитар Ковачевски во врска со објавената сторија на „А1он“ дека неговата сопруга, Елена Ковачевска, влегува во бизнисот со производство на струја.

„Тоа вчера што го објави еден портал, а го презедоа и другите портали, е нешто што е јавно достапен податок, тоа може да се види од мојот анкетен лист каде е пријавен уделот на мојата сопруга. Согласно законот за трговски друштва и законската регулатива, секој граѓанин може да инвестира свои сопствени средства, како што таа има инвестирано свои сопствени средства. Тоа е пријавено во сите надлежни институции и во Антикорупциската комисија со сите потребни податоци и детали и сите тие податоци се јавно достапни. Тоа е нејзина инвестиција која што ја има направено со сопствени средства“, одговори Ковачевски на новинарско прашање.

„A1он“ вчера објави дека Ковачевска влегува во бизнисот со производство на електрична енергија преку компанијата „Сол груп 5 ДОО Скопје“, во која се јавува како една од петтемина сопственици. Компанијата планира да гради енергетски капацитет со моќност од 1.8 мегавати.

„Сол груп 5 ДОО Скопје“ во улога на инвеститор, нарачала и во август минатата година добила готов урбанистички проект со намена за површински и соларни фотоволтаични електрани, односно за изградба на фотоволтажна централа од 1.8 мегавати во Радовиш. На терен просторот е ограден со бетонски столбови и бодликава жица со предупредување за висок напон.

Според податоците од урбанистичкиот проект, парцелите имаат површина од 22.224 метри квадратни, додека само на пола од нив, односно 11.056 метри квадратни е развиена површина за градба, каде е предвидено да никне централата за производство на електрична енергија од сончеви зраци. Врз основа на урбанистичкиот проект и потврдата издадена од Министерството за транспорт и врски, веќе е направена и промена на катастарските парцели – од ниви во градежно неизградено земјиште.

До овој момент, „Сол груп 5“ нема поднесено барање за добивање одобрение за градење до Министерството за транспорт и врски, ниту, пак, барање за издавање лиценца за производство на електрична енергија од Регулаторната комисија за енергетика, која е претпоследна инстанца, пред компанијата да може да излезе на пазарот за продажба на електрична енергија.

Според податоците од Централниот регистар, во компанијата „Сол груп 5 ДОО Скопје“ има пет сопственици. Покрај Елена Ковачевска и Димитар Тренчев, како сопственик се појавува и Кирил Паунов, син на кумот на Ковачевски, кој е заведен и како управител на компанијата. Во низата сопственици е и името на Светлана Тунџева, која е сопруга на директорот на Агенцијата за катастар за недвижности, Борис Тунџев. Последен на листата е Здравко Тумбовски, татко на контроверзниот бизнисмен Загорац Тумбовски, кој беше поврзан со аферата „каса-прими“ и давањето половина милион евра на рака на тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Би можело да ве интересира

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ