Ковачевски: Во тек се разговорите за настап на изборите, јас повторно ќе бидам мандатар

Од:

Се водат разговори и со традиционалните коалициски партнери и со другите коалициски партнери во Владата, но да оставиме простор, врз основа на емпириските анализи и врз основа на програмското и кадровското усогласување, да дојдеме до заедничка одлука за конкретниот настап на изборите, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Одговорајќи на новинарско прашање дали е можно СДСМ и ДУИ да одат посебно на изборите и како напредуваат разговорите за предизборна коалиција, тој повтори дека коалициите се прават врз основа на вредности.

Ковачевски потсети и дека СДСМ, со одлука на Извршниот одбор, веќе повика на широк европски фронт за изборите во 2024 година.

Според него, едно е сигурно, дека на изборите ќе има два блока од кои едниот, предводен од СДСМ, како што истакна, ќе биде оној што се залага за европска интеграција на државата.

-Нормално дека се водат разговори со коалициските партнери. Тие разговори се на две нивоа, едното е со коалициските партнери кои се во нашата коалиција традиционално и гледате дека дел од нив излегоа со соопштенија дека на изборите ќе настапат заедно со СДСМ. Истото се однесува и на разговори со другите коалициски партнери со кои сме во Владата, а со кои делиме заедничка вредност за европските интеграции, но треба да оставиме простор на времето, врз основа на емпириските анализи и врз основа на програмско и кадровско усогласување да дојдеме до заедничка одлука за конкретниот настап на изборите.

Но, едно е сигурно, на изборите ќе има два блока, едниот е блокот што се залага за европска интеграција на државата и тој ќе го предводи СДСМ со претседателски кандидат предложен од СДСМ и на изборите на 24 април тој ќе биде победничкиот кандидат, а на изборите на 8 мај коалицијата за европска интеграција на Македонија ќе биде победничката коалиција и јас повторно ќе бидат мандатар за составување на следната влада. Коалициите се прават врз основа на вредности. Ние покажавме во текот на изминатиот мандат и претходно, дека можеме да донесеме одлуки кои значат просперитет за државата, пред се тука мислам на евроатлантските интеграции, но и на економски просперитет, рече Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба