Ковачевски: Во моментот нема конкретен предлог од Франција за спорот со Бугарија, разговорите продолжуваат

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски ги отфрли шпекулациите дека за отворените прашања со Бугарија се постигнало решение зад затворени врати и нагласи разговорите продолжуваат на ниво на министерствата за надворешни работи што беше потврдено и за време на викендот со средбите на министерствата во Скопје.

„Во моментот кога ќе има решение што е прифатливо за двете страни, коешто се базира на европски вредности, кое го задржува достоинството на граѓаните на двете држави и ќе биде прифатливо за двете страни, ќе може да биде споделено со институциите“, истакна Ковачевски.

Премиерот Ковачевски го изрази своето цврсто уверување дека залагањето на францускиот претседател Макрон и Министерството за надворешни работи на Франција, се со цел оваа тема да се стави високо на агендата на претседателствувањето на Франција со ЕУ.

„Во рамки на нивните ингеренции и капацитет тие помагаат во фасилитирање на разговорите помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија меѓутоа не постои конкретен предлог. Ние како соседи треба да изнајдеме решение кое ќе биде основа за градење добрососедски односи за иднината и кое ќе претставува основа за одржување на првата меѓувладина конференција за нашата државата“, посочи Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Софија се обидува одговорноста за неисполнетите меѓународни обврски да ја префрли на Скопје, реакции на премиерот и МНР

Катерина Ѓуровски

Бугарија реагира на изјавите на премиерот Мицкоски: Ја искривува реалноста

Сиљановска-Давкова гледа деблокирање на македонскиот евроинтеграциски процес

Катерина Ѓуровски

„Еурактив“: Софија му порачува на Скопје да се држи до обврската за уставни промени

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Немам проблем да се сретнам со бугарскиот премиер за да најдеме начин да се одблокира процесот