Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ не поддржа ниту една одлука за членство во ЕУ, ниту договорот со Фронтекс

Од:

Во однос на уставните измени јас ќе го повторам она што сум го кажал досега, тие се обврска на секоја политичка партија која што е за зачленување на нашата држава во ЕУ но опозицијата единствено дава декларативна поддршка, тие не поддржаа ниту една одлука до сега за зачленување во ЕУ, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

-Она што го имаме кај опозицијата е единствено декларативна поддршка, сетете се на зачленувањето на НАТО. Тие не поддржаа ниту една одлука за зачленување во НАТО. Не поддржаа ниту една одлука до сега за зачленување во ЕУ. Најеклатантен пример е гласањето на договорот ФРОНТЕКС. Тој договор е прв договор во кој нашиот јазик стои заедно со сите 24 јазици на ЕУ потпишан од сите земји членки на ЕУ и од Северна Македонија. Ни тоа не влегоа да го гласаат за да го ратификуваат во Собранието, рече Ковачевски.

Ковачевски ја повика ВМРО-ДПМНЕ да седне и да размисли како ќе делува.

-Затоа треба да седнат, да размислат и она што декларативно го кажуваат да го покажат реално. Јас верувам дека во нашата опозицијата има пратеници, политички структури, има политички личности кои сакаат да ја видат оваа држава во ЕУ. Кога зборуваме за опозицијата, таму треба јасно да се постави прашање кој каков став има. Јас се повеќе гледам дека еден став има актуелниот претседател, а друг став има бившиот претседател на ВМРО – ДПМНЕ. Ќе треба да се видат и ставовите во однос на финалниот став на таа политичка партија, додаде Ковачевски.

Тој потсети на промашените изјавите на опозицијата и додаде дека не се точни наводите од ВМРО-ДПМНЕ дека пратеници од СДСМ нема да ги поддржат уставните измени во Собранието.

-Опозицијата велеше во јануари дека до средината на февруари ќе имаат 61 пратеник во Собранието и дека реконструкцијата која јас ќе ја поднесам нема да помине. Сите се уверивме дека таа реконструкција помина со зголемено парламентарно мнозинство кое сега е 65 пратеника. Тоа што го кажува опозицијата нема никаква реална основа. Тоа е само одговор на промашените тези кои ги имаа, кои ги кажав и немајќи сега што да кажат велат дека сега има други пратеници и тоа не е точно, потенцираше претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Овој процес не може да биде процес на уцени, не може да биде процес на дневна политика туку процес на широк општествен политички консензус кој нема да биде предмет на дневни прес конференции, додаде Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања