Ковачевски: Владите во Скопје и во Софија се подготвени да ги удвојат напорите за да го забрзаат процесот за одржување на првата Меѓувладина конференција со ЕУ

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски се сретна со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола.

Ковачевски како особено значајна ја наведе плодната соработка на Северна Македонија со Европскиот парламент во рамките на дијалогот Жан Моне, преку дискусиите на Мешовитиот парламентарен комитет, како и посветената работа на пратениците на ЕП за напредокот на земјата во остварувањето на стандардите во процесот за пристапување во членство во ЕУ.

За време на разговорот во Европскиот парламент, претседателот на Владата на Северна Македонија Ковачевски ја запозна претседателката на ЕП Мецола со силно изразената подготвеност на Владите во Скопје и Софија да ги удвојат напорите за подобрување на меѓусебните односи со јасни намери да го забрзаат процесот за одржување на првата Меѓувладина конференција со ЕУ.

На средбата беше истакнат напредокот во реформите во судството и владеењето на правото препознаени и во последниот извештај на Европската Комисија, и беше нагласено дека Северна Македонија продолжува со силна политичка посветеност да ги имплементира позитивните препораки на Европскиот парламент за имплементација на реформите за да се заокружи стратешкиот проект за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан.

На состанокот присуствуваа и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Би можело да ве интересира

Ковачевски ги соопшти носителите на изборните листи за парламентарните избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Владата во заминување повторно удри по граѓаните, Ковачевски со 2500 евра апанажа не чувствува глад

Ковачевски: Скопје е развластен град, лажни беа ветувањата на ДПМНЕ за современ град

Ковачевски: Владата подготви закон за рестриктивни мерки, Милошоски да го стави на комисија

Ковачевски од Куманово: СДСМ има јасна визија за просперитетна иднина

Предраг Петровиќ

Ковачевски: Носителите на листи и кандидатите за пратеници ќе бидат познати на конгрес последната недела месецов