Ковачевски: Владата бара правно решение како да си ги намали платите

Од:

Владата на вчерашната седница не донела решение како да си ги скратат функционерските плати кои во март со одлука на Уставниот суд пораснаа за 78 отсто, но премиерот Димитар Ковачевски рече дека во следните неколку недели ќе се бара решение кое ќе биде одржливо.

– Се бара решение одржливо, за да не го укине Уставниот суд. Вчера се отвори дискусија како треба да изгледа, министрите ќе работат во текот на овие денови, за да се постигне усогласување на платата на ниво кое ќе биде поприфатливо. Во следните една две недели очекувам тие да излезат со решение пред Влада пред да оди во Собрание. Треба да биде прифатливо од правно гледиште, бидејќи досега два пати има паднато на Уставен, рече Ковачевски.

Владините министри, премиерот, Претседатело, градоначалниците и директорите на државните и јавни претпријатија земаа по шест плати покачени со 78 проценти што предизвика жестоки реакции во јавноста.

Расправата за пронаоѓање на начин како да се намалат високите плати почнува на шест месеци пред редовните претседателски избори.

Би можело да ве интересира

Трендафилов: Промената на основицата за функционерските плати од просечна на минимална е уставно

ССМ бара платите на пратениците да се врзуваат за минималната плата и да се намалат за 40%

Дурмиши: Нема да донесеме одлука со која ќе се зголемат платите на функционерите

Собранието ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и Беким Сали за министер за евроинтеграции

А1он

На собраниската седница во понеделник ќе се дебатира за новите кадровски решенија на Владата

Мицкоски: Следната недела ќе бидат именувани новите министри во Владата