Ковачевски вели дека Мицкоски не е пратеник, така што не е релевантен да зборува за уставните измени

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ не е пратеник, така што не е релевантен да зборува за уставните измени, а и многу често ги менува своите ставови, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Постапката за уставни измени треба да почне, оцени Ковачевски и изрази уверување дека Собранието има демократски капацитет за овој процес.

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ не е пратеник, така да е нерелевантен да зборува за тоа прашање, а и многу често ги менува своите ставови. Прво кажуваше дека го поддржува Договорот со бугарскиот премиер во тоа време, потоа дека не го поддржува, потоа со премиерот Петков кажа дека поддржува уставни измени, па потоа рече дека не поддржува, потоа рече дека ако некој негов пратеник гласа за уставни измени ќе даде оставка, па им земаше нотарски изјави на пратениците дека нема да гласаат, за потоа да каже поддржуваме уставни измени, но по хрватски модел, па по три дена повторно рече дека не поддржуваат уставни измени, рече Ковачевски.

Посочи дека веќе се објавени членовите на Комисијата за подготовка на амандманите кои се претставници на политичките партии, а тоа ќе биде направено и со експертите кои треба да се дел од оваа Комисија.

– Процесот ќе почне и ќе се одвива во Собранието, рече премиерот, одговорајќи на новинарски прашања по денешната посета на компанијата „Левидиагро Дооел“ во Кочани.

Би можело да ве интересира

Мицкоски во Минхен: Не ни треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина

Средба Мицкоски – Зеленски во Минхен: Напредокот е можен кога има визија, храброст и јасна определба

А1он

Мицкоски од Минхен: Пораките на Рубио се јасен сигнал – светот веќе не функционира по старите правила

А1он

Мицкоски на средба со Кошта: Македонија е посветена на европскиот пат, но без билатерални условувања

(ВИДЕО) Мицкоски и Тошковски за заплената на марихуана: Никој не е над законот

А1он

Потребни се законски измени за правосудниот испит да може да се полага на албански, вели премиерот